УЕФА ќе доживее дебакл: Навивачите на Арсенал и Челси не купуваат билети за финалето во ЛЕ

Финалето во Лигата на Европа меѓу Челси и Арсенал може да биде вистинска организациска катастрофа за УЕФА. Одлуката на Европската фудбалска федерација, финалето да се игра во Баку, очигледно е една од најлошите. Олимпискиот стадион во Азербејџан е подготвен за финалето, но дали ќе има навивачи кои ќе бидат на трибините?

Иако има само уште четири дена до финалето, од Арсенал информираа дека досега продале само 2.000 карти на своите навивачи. Малку е подобра ситуацијата кај Челси, кој досега има пријавено дека ќе има поддршка од 3.200 фанови во Баку. Овие бројки се очајни и ако не се смени нешто во последните денови, трибините на стадионот ќе бидат поплупразни и без навивачи.

Главна причина поради која навивачите се откажуваат од пат кон Баку е големата далечина. Преку 4.000 километри треба да поминат навивачите за да стигнат од Лондон до Баку, а плус и нема директен лет, па патот до главнито град на Азербејџан е вистинско патешествие.

 

- Оглас -

Најнови вести