УЕФА направи преседан само за Роналдо да биде во тимот на годината

За Кристијано Роналдо „морало“ да има место во тимот на годината кој го одбраа навивачите со своите гласови на ибтернет страницата на УЕФА, па од Европската фудбалска федерација, наместо тим со стандардната формација 4-3-3, решија тимот да биде со само двајца играчи од средниот ред, а дури четворица напаѓачи.

Според англиските медиуми, ако тимот бил со формација 4-3-3, тогаш требало да се најде Нголо Канте од Челзи заедно со Де Јонг и Де Брујне во средината, а во нападот ќе беа Меси, Мане и Левандовски, ќе немаше место за Роналдо. Канте доби повеќе гласови од Кристијано, но Португалецот е попопуларен и за него мораше да има место во идеалниот тим.

Роналдо во 2019 со Јувентус освои титула во Италија, а со португалската репрезентација ја освои Лигата на нации. Од УЕФА се бранат дека тимот бил составен врз основа на бројот на гласови, но и резултатите кои фудбалерите ги оствариле.

Во пет од претходните шест години, тимот на УЕФА беше со формација 4-3-3, а во 2017 беше 4-4-2.

- Оглас -

Најнови вести