УЕФА официјално објасни зошто беше поништен пеналот за Реал Мадрид

За време на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Арсенал се случи контроверзен момент во 23-тата минута.

Деклан Рајс, според судијата, го фаулира Килијан Мбапе во 16-никот на Арсенал, по што досуди пенал за Кралскиот клуб.

Интервенираа од ВАР-собата, каде што предолго ја гледаа снимката, за на крајот да го повикаат главниот судија Летишие да ја види ситуацијата, а тој откако виде што се случи, ја поништи одлуката и жолтиот картон за Рајс.

Прво не беше сосема јасно дали судијата ја промени својата одлука поради можен офсајд на Мбапе или немање фаул над него, а од УЕФА сега дадоа и објаснување: „Одлуката е поништена, не е досуден пенал. Играчот со број 41 на Арсенал не направи прекршок против противничкиот играч“.

- Оглас -

Најнови вести