УФЦ сака да смени едно важно правило, после тоа веќе ништо нема да биде исто

ММА борците кои настапуваат во организацијата УФЦ, во иднина нема да бидат казнувани за употреба на марихуаната. Иако делуваше незамисливо да се легализира оваа лесна дрога, сепак во соработка со анти-допинг агенцијата на САД, договорено марихуаната да биде симната од листата на забранети супстанци.

Ќе има само еден исклучок, УФЦ го задржува правото да дисквалификува и казни некој борец за кој ќе се посомнева дека намерно користел марихуана, за да си ги подобри шансите во некоја битка во октагонот. Тревата ќе смее да се пуши за релаксација и намалување на болките, но не и на ден на борба.

„Ќе водиме сметка што користел борецот на денот на мечот, а не со што се занимавал претходните недели и месеци. Во минатото, се казнуваа наши спортисти и кога немаа закажани борби, затоа повлекуваме линија“ – вели потпретседателот на УФЦ, Џеф Новицки.

- Оглас -

Најнови вести