20.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ујпешт нема да загуби на дебито на Адеми

3307 Краковија – Термалика Ничеца (18.00 часот)

Ова е меч од второто коло во полската лига, а во првото коло двата тима беа расположени и ефикасни, постигнаа по четири гола и победија против силни екипи како што се Лех и Јагелонија. За Краковија игра нашиот репрезентативец Јани Атанасов. Термалика е нов прволигаш, па затоа резултатот (4-0 на гости против Јагелонија) што го направи на стартот на сезонава е шокантен. Последниот пораз на тимот од Ничеца беше на почетокот на мај, а тогаш беше и последниот пораз на Краковија дома. Тие победија на своето последно гостување во Краков во 2022 година.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.09)

 

2801 Архус – Рандерс (19.00)

Архус и Рандерс во првото коло во данската лига одиграа нерешено со истиот резултат 1-1, а ова е второ гостување по ред за Рандерс и прв домашен меч за Архус во новата сезона. Архус во подготвителниот период не претрпе ниту еден пораз, тој е тим кој тешко прима повеќе од еден гол. Традицијата на меѓусебните дуели покажува дека на последните девет нивни соочувања, секогаш било „гол-гол“. Рандерс ги доби последните два меѓусебни дуели со по 3-1, последната победа на Архус беше во октомври 2023.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

2203 Ујпешт – ДВТК (20.00 часот)

Аријан Адеми ќе го има официјалното дерби во дресот на Ујпешт. Ова е меч од првото коло во унгарскиот шампионат, а според квотите, поблиску до победа се домашните. Во подготвителниот период двата тима имаа „шарени“ резултати кои ништо не значат околу тоа кој е во подобра форма. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа нерешено со резултат 1-1. ДВТК во 2020 година за последен пат даде повеќе од еден гол против Ујпешт.

Предлог тип: & 0-3 (1.81)

 

1655 Антверп – Ројал унион (20.45 часот)

Ова може да се нарече дерби на првото коло во белгискиот шампионат. Ројал Унион Сен Жилоа загуби од Клуб Бриж во Суперкупот на Белгија пред пет дена и ќе сака да се извади со добар резултат во лигата. Антверпен минатата сезона имаше катастрофален биланс на свој терен, последната победа дома му е уште во февруари. Во мај, Ројал унион победи со 4-0 на гости кај Антверп. Последните три меѓусебни дуели на овие екипи во сите натпреварувања беа со 4+ голови.

Предлог тип: 2 (2.02)

 

1276 Дери сити – Бохемијанс (20.45 часот)

Бохемијанс во минатото коло го прескокна Дери сити на второто место на табелата во ирската лига, па сега Дери има задача со победа да си ја врати втората позиција. Боемите имаат серија од четири меча по ред без пораз, а ако победат вечерва, би дошле на минус пет бода зад лидерот Шемрок роверс. Дери сити е тим кој има и поефикасен напад и полоша одбрана од Бохемијанс. Последните 12 меѓусебни дуели во Дери сити им беа со 0-2 гола, па традицијата вели дека ќе биде неефикасно.

Предлог тип: Х било кога (1.65)

- Оглас -

Најнови вести