Украина со пресврт ги сруши „рибарите“ и ќе игра на ЕП во Германија (Видео)

Репрезентацијата на Украина е претпоследниот учесник на Европското првенство во Германија откако вечерва во Вроцлав го победи Исланд со 2-1. Ова е третата репрезентација од нашата квалификациска група која обезбедува пласман на континенталниот собир, откако преку групите тоа го направија Англија и Италија.

Мечот започна лошо за Украинците бидејќи Исланд во 30-тата минута преку Гудмундсон дојде во водство.

Циганков во 54-тата минута израмни на 1-1 откако ја искористи несигурноста на одбраната на Исланд, но и нивната лоша поставеност.

Победата и пласманот на Европското првенство во Германија го обезбеди Мудрик со гол во 84-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести