Откако започна војната во Украина, Марта Костјук беше првата која јавно зборуваше дека сите руски и белоруски тенисери треба да бидат исфрлени од сите турнири. Костјук инсистира дека сите треба да го следат примерот на Вимблдон, каде што нема да има руски и белоруски тенисери.
„Забележав дека дел од руските и белоруските тенисери во одредени моменти ја спомнуваат војната, но во ниеден момент не рекоа дека нивната земја ја започна војната во Украина. Затоа бараме од ВТА, АТП и ИТФ да се погрижи сите тенисери од Русија и Белорусија да одговорат на одредени прашања, како на пример: дали ја поддржуваат руската инвазија над Украина, дали ги поддржуваат воените активности што се во Украина и дали го поддржуваат режимот на Путин и Лукашенко?“, бараше Костјук.
Младата Украинка која е на 52-рото место на ВТА-листата дури велеше дека нема да сака да игра против руски и белоруски ривалки и дека веќе не ги смета за пријатели, а ако ги види, ќе сака физички да се пресмета и да ги тепа.
Токму Костјук денеска се најде во центарот на вниманието на Мастерс турнирот во Рим, каде што Украинката заедно со Романката Русе играше во дабл против Русинките Павлјученкова и Кудeрметова. Русинките лесно го добија првиот сет со 6:1, а потоа Костјук реши да се тргне од теренот, замина во соблекувалната и веќе не се врати да се доигра мечот.
Yep, Kostyuk retired.. just left https://t.co/EFchDhQ47M pic.twitter.com/V8ZKH2glx1
— 😵💫 (@moooonballer) May 12, 2022