Украинскиот селектор ги храбри играчите: Нема потреба од страв, и Французите се луѓе од крв и месо

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Александар Петраков, има задача да го подготви својот тим за вечерашниот натпревар против светскиот првак Франција. Украинците извлекоа 1-1 на гостувањето кај Галските петли, а сега ќе им биде уште потешко бидејќи Французите повеќе ќе сакаат да ги освојат трите бода.

„Им реков на момците да играат како и на секој друг натпревар. Да, ова е Фрација, но кога играте фудбал, не треба да се плашите од никого. И тие се луѓе како нас“ – изјави наследникот на Андриј Шевченко на клупата на Украина.

Петраков објасни која е разликата помеѓу младите и искусните фудбалери.

„Има разлика. Младите ме слушаа со отворени усти. Во А тимот со искусните, потребен е поинаков пристап. Многу разговарам со играчите, искусните како Пјатов и Јармоленко многу ми помагаат“ – додава Петраков.

- Оглас -

Најнови вести