Украинскиот шампионат само што почна, се појавија два случаи на Ковид-19

Украинската Премиер лига тргна со натпреварување денес со натпреварот Колос Коваливка – Десна, меѓутоа се појавија проблеми со корона-вирусот кај еден од прволигашите. Во редовите на Карпати има два случаи на заразени со Ковид-19, а членовите се веќе ставени во самоизолација. Овие резултати се дознаа по направените тестови кои се задолжителни пред секој натпревар.

Со цел да се избегнат дополнителни проблеми, утрешниот меч меѓу Карпати и Мариупол е одложен, а допрва ќе се одредува нов датум за одигрување на мечот од 24-тото коло од плејаут фазата. Инаку, како и во повеќето фудбалски шампионати, и во Украина се игра без присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести