Ултиматум за Интер: Ванда бара двојно поголема плата за Икарди

Нова пречка во преговорите на Мауро Икарди и Интер околу новиот договор. Неговата сопруга, која воедно е и агент на Икарди, Ванда Нара, го условува клубот да му даде двојно поголема плата од моменталната која напаѓачот ја заработува.

Имено, таа сака Икарди да добива девет милиони евра по сезона, додека неговата клаузула од 110 милиони евра да биде зголемена, а не отстранета со новиот договор. Капитенот на „нераѕурите“ на тој начин би се наметнал меѓу најплатените фудбалери во Серија А, а воедно Интер ќе ги осигури неговите услуги на подолг период.

Сепак, италијанскиот гигант ќе треба да побрза во одлуката дали да ги прифати условите на Ванда, инаку во спротивно, можат да останат без најдобриот поединец во тимот бидејќи Реал силно притиска за неговиот потпис. „Кралевите“ наводно се подготвени да ја активираат клаузулата од 110 милиони евра, која ќе важи до првите две недели од почетокот на летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести