Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, е во мисија да ја освои Копа Америка, а следен предизвик е Канада. Гаучосите се големи фаворити во овој полуфинален дуел. Освен за дуелот со Канада, Скалони зборуваше и за еден интересен предлог.
„Би сакал да видам некоја европска репрезентација на Копа Америка, баш да видиме како ќе биде. Но, во исто време би сакал да видам и некоја јужноамериканска селекција да биде повикана за настап на Европско првенство“, вели Скалони.
На Копа Америка веќе учествуваат и земјите од Средна и Северна Америка, па токму затоа една Канада ќе игра и во полуфинале на ова големо натпреварување.
Во исто време додека траат возбудувањата на Копа Америка, во Германија се игра завршницата на Европското првенство.