Унион Берлин и Штутгарт испишаа историја во германскиот фудбал!

Унион Берлин и Штутгарт одиграа фантастичен меч со осум, кој на крајот заврши без победник, 4-4. Сепак, сите осум гола беа постигнати уште во првото полувреме, што е рекорд во историјата на Бундеслигата.

Домашните после 19 минути играа има водство од 2-0, па возвратија гостите со два гола во 23-тата и 29-тата минута за израмнување на 2-2. Во 38-мата минута Унион Берлин се врати во водство, а Штутгарт со два гола, во 43-тата и 45-тата минута за првпат дојде во водство на овој меч со 3-4. Во шесттата минута од судиското продолжение на првото полувреме, Андреј Илиќ погоди за израмнување на 4-4.

Она што е интересно, двете екипи заедно упатија само 11 удари во рамките на противничкиот гол, а дури осум од нив завршија во мрежата.

 

- Оглас -

Најнови вести