Уплатите од 20 денари му носат среќа и си освои 100.000 денари во Типстер купот

Марјанчо Ристески е победник на Типстер купот за јуни, а овој скопјанец е докажано успешен прогнозер бидејќи и во минатото има освојувано награди.

Марјанчо редовно ги следи фудбалските мечеви и формата на екипите, а не експериментира многу со игрите и уплаќа само по минимални 20 денари на тикет.

„Тактиката, ако може така да се нарече, ми е да не ги мешам многу игрите. Играм на број на голови, на конечен тип или комбинации конечен тип 1 или 2 со 2+ голови“, вели Марјанчо.

ТОКИО МУ ЈА ДОНЕСЕ ЈУНСКАТА ТИТУЛА ВО ТИПСТЕР КУПОТ

Во јуни тој до последен момент чекал десетти добитен тикет, а дали ќе победи на Типстер купот за минатиот месец, зависело од исходот на еден меч во Јапонија.

„До последниот ден не се знаеше, го чекав Токио, тие ми беа последни. Имав типувано 1+ прво и 1+ второ полувреме за да направам квота над 1.50, и излезе, па победив во трката за јуни со подобра квота од вториот, кој исто има 10 добитни тикети. Во последно време често ја играм таа игра дека во двете полувремиња ќе има барем по еден гол и ете, ми донесе среќа. За секој случај го штитев Токио, но вака со наградата од 100.000 излезе подобро“, раскажува типстер шампионот.

ПОСВЕТЕН Е, АНАЛИЗИРА И ПО 3-4 ЧАСА ДНЕВНО

„Стандардно ставам по 20 денари. Ете, се погоди, имав врзано добитни тикети во последните четири дена, а сега таа јапонската ја чекав последна. Периодов кога не се играат главните лиги, уплаќам на тоа што го има во понудата, играм лиги како шведската, норвешката, а и Јапонија ми е интересна. Полабаво е малку летово, земам малку одмор, а од септември и јас како професионалните фудбалери се фокусирам, секој ден анализирам по 3-4 часа. Некогаш се исплати, некогаш за влакно ќе ми побегне голема добивка, но така е тоа во обложувањето“, објаснува Марјанчо, кој редовно ги игра сите акции на Sport Life како Типстер купот, а се пофали дека и во јули засега добро му оди.

Ристески, чиј брат Игор освои автомобил за победа на Типстер купот во пролетниот дел од сезоната 2018/2019, за победата во јуни доби 100.000 денари, второпласираниот Владмир Т. освои 30.000, а 20 илјади се за Перо К., кој беше третопласиран во Типстер купот за јуни.

- Оглас -

Најнови вести