Уругвај си поигра со противниците на Кина купот за трофеј без примен гол

Уругвај е победник на традиционалниот фудбалски турнир Кина куп, а  јужноамериканската селекција до пехарот стигна многу лесно и без примен гол.

Во финалето денеска популарните Уруси го декласираа Тајланд со 4-0 со головите на Весино, Переиро, Стуани и Гомез, по два во двете полувремиња.

Весино беше прецизен во шестата минута, а отпорот на Тајланѓаните го скрши Переиро со погодок во 38-мата минута. Дека е многу поквалитетна селекција, Уругвај потврди и во продолжението со уште два гола.

Напаѓачот на Жирона, Кристијан Стуани беше прецизен во 58-мата минута, а печат за покер стави уште еден играч од Ла Лига, Макси Гомес, кој настапува за Селта.

Во полуфиналето Уругвај го декласира и Узбекистан со 3-0. Третото место на турнирот го освои токму Узбекистан со денешната победа од 1-0 против домаќинот Кина.

- Оглас -

Најнови вести