Репрезентацијата на Перу се израдува на првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, откако минимално со 1:0 славеше над Уругвај и тоа дури во деветото коло. Уругвајците на ова гостување дојдоа како фаворити и се надеваа со освојување на три бода да се искачат на второто место од табелата, но Перу реши дека е време да се прекине постот без триумф.
Немаше погодоци до пред самиот крај на средбата, а потоа голема радост за домашните фанови донесе дефанзивецот Мигел Араухо кој погоди со глава.
Со оваа победа Перу стигна до шест бода и веќе не е на последното место на табелата, каде Чиле има пет бодови. Уругвај остана на третото место со 15 бодови.