Уште е малолетен и има клаузула од 100 милиони евра, можно е вечерва да дебитира за Каталонците

За Илаиш Мориба допрва ќе слушне фудбалската јавност, но во Шпанија, поточно во академијата на Барселона, Ла Масија, неговиот талент е високо ценет и затоа доби шанса да се најде во А тимот на Каталонците.

Суперталентираниот играч за врска за 10 дена ќе наполни 18 години, а неговата откупна клаузула од 100 милиони евра е доволен доказ дека се работи за фудбалер со огромен потенцијал. Затоа, Куман го вметна составот кој вечерва ќе гостува кај Гранада во рамките од 18-тото коло.

За деби во првиот тим многу веројатно ќе чека шанса од клупата за резерви, нормално тоа ќе зависи и од резултатот доколку во текот на средбата биде во полза на гостите.

- Оглас -

Најнови вести