Уште еден дефанзивец на Јуве се сели во Рома

Рома е на прагот да реализира уште едно засилување ова лето. Постигнат е договор со италијанскиот првак Јувентус oколу услугите на Даниеле Ругани. Италијанецот оваа сезона ќе ѝ биде позајмен на Римската волчица, за што ќе бидат потрошени пет милиони евра, додека тимот од „Олимпико“ во јуни 2020 година ќе исплати дополнителни 25 милиони евра за целосно да го откупи договорот на дефанзивецот.

Останува уште римскиот клуб да ги договори персоналните услови со Ругани, кој бара годишна плата од три милиони евра.

Јуве и Рома претходно летово соработуваа во размена на двајца играчи. Во Торино се пресели Лука Пелегрини за 30 милиони евра, додека Рома ги осигури услугите на левиот бек Лeoнардо Спинацола за идентична сума.

Ругани во овој преоден рок се поврзуваше со преселба во Премиер лигата, но на крајот ќе биде седмо летно засилување на тимот кој го предводи Пауло Фонсека.

- Оглас -

Најнови вести