Уште еден европски клуб треба да „добие крилја“

Рускиот клуб Уфа може да добие инвеститор кој се покажа како одлично решение во повеќе клубови досега. Логото со бикот полека станува препознатливо во светскиот спорт. Најпрво беше заштитен знак на екстремните спортови, но во последните неколку години е дел и од елитниот фудбал. Фирмата „Ред Бул“ стана сериозен двигател во најважната споредна работа во светот.

„Ред Бул“ е познат како спонзор на Лајпциг, Салцбург, Њујорк, а свои клубови има и во Бразил и Гана. Сега се најавува дека оваа компанија ќе влезе и во рускиот фудбал. Уфа е клуб може да добие спонзорство од компанијата за енергетски пијалоци и да стане многу поконкурентен во лигата.

Засега челниците на овој клуб одржаа неколку состаноци со претставници на познатата компанија и се очекува во најскоро време да биде постигнат договор.

 

- Оглас -

Најнови вести