Уште еден лесен „тренинг“ за Србија

Србија го запиша и четвртиот последователен триумф на Мундобаскетот, овојпат над селекцијата на Порторико со убедливи 90:47. Порториканците никако не се истакнаа како рамноправни противници, оваа селекција постигна најмалку поени од сите досегашни ривали на Орлите.

Победата вредна за пласман во четврт-финалето, српските кошаркари се потрудија да ја осигурат што побрзо, па уште во првата четвртина дојдоа до двоцифрена предност, која постепено растеше во текот на целата средба. Порторико во ниту една од четирите делници не успеа да постигне повеќе од 14 поени, статистика која покажува колку Србија и во овој дуел беше надмоќна, па на крајот триуфмот беше запечатен со +43 разлика.

Бјелица со 18 поени и шест скока беше најефикасен во составот на Ѓорѓевиќ, два поени помалку постигна Марјановиќ, додека Јокиќ забележа дабл-дабл учинок од 14 поени и 10 скока. Кај Порториканците, Хертас со 11 поени беше единствен играч со двоцифрен учинок.

Неколку минути претходно заврши дуелот меѓу Полска и Русија, кој ѝ припадна на полската селекција со конечни 79:74. Во фазата на елиминирани, Иран славеше над Ангола со 71:62, додека Нигерија беше подобра од БСК со 83:66.

- Оглас -

Најнови вести