Уште еден поранешен претседател на Реал е во критична состојба со Коронавирус

Фернандо Мартин е хоспитализиран во болница и е во сериозна состојба откако е потврдено дека има Коронавирус. Ова е втор случај поранешен претседател на фудбалскиот клуб Реал Мадрид да е заразен со опасниот вирус, а претходно, за жал, Лоренцо Санс почина на 76-годишна возраст.

Мартин има 72 години и се наоѓа во болницата „Пуерта де Јеро“ во Мадрид, откако на тестот е откриено дека има Коронавирус.

Бизнисменот од Тригерос дел Вале, место блиску до Валјадолид, беше претседател на Реал Мадрид во периодот од февруари до април 2006 година, но потоа во 2009 беше и дел од одборот на директори во Кралскиот клуб.

Ситуацијата во Шпанија е многу сериозна со Коронавирусот и по Италија, тоа е земјата што моментно е најзагрозена и со најмногу заразени и починати од епидемијата што го тресе светот.

 

- Оглас -

Најнови вести