Уште сега е јасно кој ќе го добие македонското дерби во Серија А

Само по 24 часа откако беа промовирани паровите за новото коло на Спортска прогноза, интересот е огромен. Многумина се подготвени да се борат за главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 11“. За освојување на „ајфон 11“, потребно е да се има Среќна 13-ка, односно да се погодат фиксовите на сите 13 понудени натпревари.

Подароци има и за оние кои ќе бидат блиску до целта. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од Sport Life во висина од 1.000 денари. За 11 погодоци вредносниот ваучер е 500 денари. За да се биде дел од бесплатната игра, потребно е само да се има Sport Life картичка, која доколку уште ја немате извадено, може да ја добиете во кое било од уплатните места на Sport Life.

Од мечевите кои се на денешната понуда, уште сега има неколку изразити фаворити, а еден од нив е и Наполи. Тимот кој стартуваше перфектно со три победи во Серија А, гостува кај Удинезе. Ова е и меч на екипи во кои има македонски репрезентативци. Елиф Елмас е стартер во Наполи, додека Илија Несторовски уште закрепнува по повредата на коленото и нема да игра за Удинезе. Прогнозерите веруваат дека Наполи лесно ќе победи, па дури 90 осто од над 600 прогнозери досега се решиле да одиграат „двојка“.

Не чекајте и играјте Спортска прогноза и веднаш направете ги вашите прогнози.

 

- Оглас -

Најнови вести