Точно уште три години до доделувањето на најскапоцениот пехар во фудбалот

Наредното Светско првенство во фудбал ќе се игра во зимскиот период на северната хемисфера, нешто што се нема случено досега, па затоа и доделувањето на пехарот за победникот ќе биде пред новогодишните празници, поточно на 18 декември. Денеска е 18 декември, а тоа значи дека има уште точно три години до финалето на СП во Катар.

Иако календарски ќе биде зима, во Катар времето ќе биде топло, па фудбалерите ќе имаат пријатни услови за игра. Досега не е видено Мундијал да се игра од 21 ноември до 18 декември, па и клупската сезона во најдобрите лиги ќе мора да биде во прекин повеќе од еден месец.

СП во Катар ќе се игра на осум стадиони во пет града и ќе биде поразлично од сите досегашни.

Како е да се игра на 18 декември во Доха, вечерва ќе видат фудбалерите на Ливерпул и Монтереј во полуфиналето на Светското клупско првенство. Температурата е пријатна, 20-тина степени Целзиусови, но влажноста е голема и многу репрезентации на СП 2022 би можело да имаат проблем со тоа.

 

- Оглас -

Најнови вести