Уште три кола до крајот на бесплатната игра, не чекајте, освојте ги вредните подароци

Интересни 13 меча од Топ-4 лигите во Европа се на понудата за 32-рото коло од Спортска прогноза на Sport Life. Бесплатната игра ги врати сеќавањата на легендарната Спортска прогноза, но тука е многу подобро затоа што воопшто не треба ништо да вложите, а сепак може да добиете вредни подароци.

Мобилен телефон IPhone XS е главната премија која може да ја освоите доколку погодите „Среќна 13-ка“, односно имате точна прогноза на сите 13 понудени парови. Подароци има и за оние кои ќе бидат на чекор од „13-ката“. Со 12 погодоци добивате вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11 погодени парови ќе станете сопственик на вредносен ваучер од 500 денари во Sport Life.

Освен тековните подароци кои ги нудиме, изненадувања ќе има и за најдобрите петмина во Генералниот пласман. За најдобриот играч во сезоната следува  ТВ смарт од 48 инчи. Засега лидер во Генералниот пласман е Христијан Т. со 214 поени, пред Николче Д. и Пеце Т., кои имаат по 198.

Не чекајте, стиснете ПРОГНОЗИРАМ, видете ги паровите кои се понудени за ова коло, прогнозирајте и влезете во трка за убавите подароци кои следуваат!

- Оглас -

Најнови вести