Уште во првото коло го имаме голот на сезоната во Серија А (Видео)

Интер е лидер во италијанската Серија А по првото коло. Тоа е така благодарение на убедливата победа синоќа на „Џузепе Меаца“ против Лаче со 4:0. Нераѕурите покажаа дека сезонава ќе бидат многу посилни од лани и дека ќе се вмешаат со Јувентус и Наполи во трката за Скудетото.

Гол-шоуто во Милано посебно ќе се памти по погодокот на Антонио Кандрева во 84-тата минута. Иако е само прво коло во Серија А, овој погодок сигурно ќе конкурира за еден од најдобрите во цела сезона.

https://youtu.be/6lT6GL5MKCM

 

- Оглас -

Најнови вести