Успехот во ЛН на Македонија ќе ѝ донесе најдобар пласман во последните 15 години

Фудбалската репрезентација на Македонија со две идентични победи од по 1-0 над Летонија и Фарски Острови го заврши историскиот настап во Лигата на нациите. Со пет победи и само едно реми, но и со пет натпревари по ред на кој победивме без примен гол, Македонија заслужено го освои првото место во групата и обезбеди пласман во „Б“ дивизијата за првпат во историјата.

Последните две победи на нашата репрезентација ќе ѝ донесат скок од осум позиции на новата ранг-листа на ФИФА, која треба да биде објавена по одигрувањето на сите натпревари од ноемврискиот прозорец. Тоа значи дека Македонија ќе скокне од 69-тата на 61-вата позиција, што ќе биде најдобар пласман во последните речиси 15 години, со оглед на тоа дека на истата таа 61-ва позиција бевме на 26 мај 2010 година.

Следните репрезентативни активности се во март, кога започнуваат квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а ждрепката која ќе биде следниот месец ја очекуваме од третиот шешир, но и шанса доколку се поклопат сите коцки, повторно да биде дел од баражот за пласман на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести