Успешна контрола за македонските одбојкари, совладан е тим кој истотака ќе игра на Европското првенство

Македонската машка одбојкарска репрезентација, вечерва во „Јане Сандански“ во Скопје ја совлада Романија со 3-1 во сетови, во пријателски меч кој е дел од подготвките на двата тима за претстојното Европско првенство кое почнува на 28-ми август, и на кое и Скопје е еден од градовите домаќини.

Првиот сет го доби Македонија со 25-23, потоа Романците изедначија на 1-1, добивајќи го вториот сет со 25-21, а во третиот сет, македонските одбојкари играа како што би сакал селекторот Јошко Миленкоски, овој сет им припадна на популарните Спартанци со 25-18.

Во четвртиот сет, Македонија го контролираше резултатот, па противникот се закани и дојде на еден поен негатива, но на крај сепак домашните триумфираа со 25-21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести