Утре во Букурешт се очекува жестока битка и на трибините

Фудбалската федерација на Македонија упати апел до сите навивачи и поддржувачи на нашата репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт доколку се во можност, уште денеска да обезбедат алка за негативен ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден.

Нашите фанови се покажаа како одлични гости и ги добија симпатиите на жителите на Букурешт, но денеска и утре во романската престолнина ќе дојдат и многу Украинци, па освен на теренот, и на трибините ќе се води голема битка и надвикување. Украина е земја со над 40 милиони жители, Романија им е сосед, затоа не треба да чуди што и Украинците најавуваат навивачка „инвазија“ како противтежа на македонските фанови кои ќе имаат уште поголеми мотиви за гласно навивање.

- Оглас -

Најнови вести