Утрински тренинг на Рисовите (Фото)

Македонскиот фудбалски национален тим утрово тренираше на стадионот на Стеауа и продолжи да се подготвува за она што им претстои од недела, а тоа е дебитантски настап на едно Европско првенство. Поради тоа што ќе треба за осум дена да се одиграат три тешки мечеви, од кои два во Букурешт и еден во Амстердам, дел од тренингот беше посветен на кондицискиот дел, за што подобра физичка подготовка на фудбалерите за да можат да ги издржат напорите.

Потоа Рисовите тренираа и со топка, работеа на воигрување, нешто што истотака е многу значајно пред дуелот со опасната Австрија в недела.

Селекторот Игор Ангеловски внимателно следи што се случува, дели совети, ако треба и критикува после некоја грешка. Најважно е сите да го дадат максимумот и да се оствари поволен резултат на историското деби. На тренинзите фудбалерите треба да се докажуваат и да се наметнат кај селекторот за да им даде прилика да настапат на овој голем настан кој ќе се следи во целиот свет.

- Оглас -

Најнови вести