Вајс: Наша грешка е што не дадовме втор гол, шансите за ЕП се 50-50

Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, жали што неговиот тим не победи во Скопје затоа што до пред крајот на мечот, неговиот тим имаше водство и играч повеќе. Вајс вели дека шансите за пласман на ЕП се 50-50 и ќе биде многу емотивен меч на 12 ноември во Тбилиси.

„Како да бидам среќен кога имавме играч повеќе на теренот, а примивме гол. Пеналот не сакам да го коментирам, но ние требаше да постигнеме втор погодок и да го решиме мечот во наша корист. Вечерва загубивме два бода. Не можам да кажам што ќе се случи за еден месец. Имаме доволно време да се подготвиме за тој меч. Играме на домашен терен. Се надевам дека сите клучни играчи ќе ги имаме на располагање. Знам дека и Македонија сега играше без Елмас, Барди, Адеми, но и ние бевме без 6-7 играчи кои најчесто се стартери. Македонија во првото полувреме беше подобра, а во вториот дел ние бевме подобри. Шансите за пласман на Европско првенство се 50-50“, рече Вајс веднаш по мечот.

- Оглас -

Најнови вести