Ваков Несторовски и треба на Македонија (Видео)

Илија Несторовски по долг период е стартер кај Удинезе и веднаш успеа да потврди дека знае да игра фудбал, кога е посветен на натпреварите.

Во финишот на првото полувреме нашиот репрезентативец беше креатор на акцијата по која Родриго Де Пол успеа да погоди за предност на популарните Зебри со 1:0.

Несторовски во првиот обид во пад се обиде да погоди сам, но потоа одбиената топка мајсторски му ја сервираше на капитенот, па на Де Пол не му беше тешко да погоди.

Ова е прва асистенција за Несторовски сезонава, а досега успеа да постигне два гола за Удинезе во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести