Ваков пресврт одамна не е виден: Во Задар не им се веруваше како можеше Будуќност да победи (Видео)

Будуќност победи на гостувањето кај Задар со 104:103 во најдраматичниот меч сезонава во АБА лигата. Црногорскиот тим беше голем фаворит пред средбата, но на теренот, домаќините беа тие кои водеа во текот на целиот меч и тоа најчесто беше со двоцифрена разлика.

На две минути до крајот, Задар имаше предност од 102:92, но потоа се случи чудо. Гостите погодија два напади и намалија на 102:96, а домаќините реализираа едно од двете слободни фрлања, па на 50 секунди до крајот беше 103:96 за Задар. Гостите потоа погодија „двојка“, за да во следндиот напад бидат прецизни и за три поени, па на 15 секунди до крајот резултатот беше 103:101.

Домаќините лошо изведоа во последниот напад, им беше пресечена топката, а Букуќност погоди уште една тројка и прв пат на мечот поведоа со 103:104, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во останатите два меча кои се играа вечерва, Црвена ѕвезда беше убедлива на свој терен и со 92:53 ја победи Цибона, додека Цедевита славеше на гостувањето кај Игокеа со 85:74.

- Оглас -

Најнови вести