Ваков случај немало – Пандемијата пак напаѓа, цел тим во Португалија е ставен во изолација (Фото)

Министерството за здравство на Португалија донесе одлука цел тим на прволигашот Тондела да биде во изолација откако шестмина фудбалери и тренерот Пако Ајестаран биле позитивни на ковид-19.

Тондела треба да го игра следниот меч во сабота против Мореиренсе, но сега е неизвесна судбината на тој натпревар.

Во Португалија во фокусот беше случајот со Белененсеш, клуб кој исто така имаше многу играчи позитивни на корона-вирус, но мечот против Бенфика не им беше одложен, па играа само со деветмина играчи, од кои двајца голмани.

Мечот беше прекинат откако Бенфика водеше со 7:0 по првото полувреме, а домаќините останаа со седуммина играчи. Белененсеш бараше мечот да се одложи, но не им беше прифатена молбата што предизвика многу реакции.

 

- Оглас -

Најнови вести