Ваква сезона во Англија немало уште од далечната 1964/65

Оваа сезона во фудбалското првенство на Англија, популарната Премиерлига, се случува нешто што не е видено во елитниот англиски фудбал уште од сезоната 1964/1965 наваму. После пауза од цели 57 години, повторно има дури четири тима кои не знаат за победа во воведните седум кола од сезоната.

Иако сезонава одиграа веќе по седум натпревари, што не е мала бројка, екипите на Саутхемптон, Барнли, Њукасл и Норвич, уште немаат победа во Премиерлигата.

Премиерлигата е веројатно најсилната лига на светот, има посебна убавина и затоа што речиси никогаш не се знае победникот однапред, но сезонава како да се менува тоа, и очигледно се зголемува разликата помеѓу најдобрите и најслабите, па има повеќе тимови кои се мачат да совладаат некого.

- Оглас -

Најнови вести