Вакво лудо забивање може да се види само на Олстар-меч (Видео)

Јанис Адетокумбо беше најпрецизен на Олстар-мечот утрово во Шарлот, но неговиот тим загуби од избраниците на Леброн Џејмс. И покрај тоа што не успеа на крајот да се радува на победата, Адетокумбо покажа што значи да си лидер на тимот. Тој го имаше и потегот на мечот, откако по една неверојатно додавање на Стеф Кари, успеа монструозно да ја забие топката во кошот.

Освен забивањето на популарнито Грик Фрик, публиката најмногу овации даде за Дирк Новицки. Легендарниот Германец доби покана да биде дел од Олстарот, одигра само четири минути, но и тоа беше доволно за да направи шоу. Упати само три шута за тројка и сите три ги погоди.

- Оглас -

Најнови вести