Валдес ги учи младите играчи на Барса како да бидат скромни

Да се биде тренер на млади фудбалери, не е едноставна работа, особено не во денешно време. Младите сакаат преку фудбалот што побрзо да достигнат слава, да бидат богати, но тоа не е нивна вина, едноставно го следат примерот на најголемите ѕвезди на најпопуларниот спорт во светот.

Токму затоа, тренерот на Барселона до 19 години и поранешна клупска легенда, Виктор Валдес, најде начин како да ги учи своите пулени да бидат скромни. Имено, тој им наредил на сите да доаѓаат на натпревари со по пет евра во џеб наместо да доаѓаат со модерни и скапи автомобили или, пак, да ги пренесуваат родителите.

Тие пет евра ќе им бидат доволни за да може по мечеви сами да се враќаат дома со јавен превоз. Валдес сака да го спречи слепилото наречено пари кај младите играчи, да останат скромни и да не заборават од каде потекнуваат.

https://twitter.com/ClubMitjanit/status/1169015317269569537

- Оглас -

Најнови вести