Валдес од Барселона и Манчестер јунајтед заврши во четвртолигаш

Виктор Валдес цели 12 години ги помина во дресот на Барселона и дури 535 пати го бранеше голот на каталонскиот гигант. Како голман се радуваше на сите најзначајни трофеи. Шестпати беше првак на Шпанија, исто толку пати се радуваше и во Суперкупот на земјата, а Копа дел Реј го освои двапати. Трипати беше европски првак, двапати триумфираше на Светско клупско натпреварување, а има и две одличја и од Супер купот на Европа.

Од Барселона, Валдес замина во Манчестер јунајтед, каде што сепак не се снајде најдобро и по една сезона си замина. Кариерата ја заврши во 2017 година, кога реши да се посвети на тренерската работа. Лани работеше во младинските екипи на Барселона, а Валдес сега ја доби и првата тренерска работа во сениорски состав. Прифати да биде тренер на шпанскиот четвртолигаш Хорта.

Едноставно, Валдес знае дека ова е нов почеток за него и затоа започнува од најниското скалило.

- Оглас -

Најнови вести