Валдес збеснал, почнал да го навредува Клајверт и затоа следи отказ

Поголем дел од својата кариера, Виктор Валдес ја помина како голман на Барселона. Со каталонскиот гигант освои многу трофеи, па логично беше да добие шанса да се докаже и како тренер во еден од најголемите клубови во светот.

Пред три месеци Барселона го ангажираше Валдес да биде тренер на јуниорскиот тим, а веднаш потоа започнаа и скандалите. Во подготвителниот период си замина од еден турнир, иако требаше да игра во борба за трето место. Во првото коло од првенството, Валдес доби црвен картон, поради навредување на судиите.

Валдес и за време на играчката кариера беше многу темпераментен, но сепак како тренер треба да биде посмирен. Освен лошиот однос за време на мечевите, некогашниот голман се скара и со управата на клубот. Валдес го навредуваше Патрик Клајверт кој е негов претпоставен во клубот, однесување кое е недопустливо во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести