Екипата на Валенсија останува на последната позиција на табелата во шпанската Ла Лига, откако во 90-тата минута остана без победата на гостувањето кај Хетафе. „Лилјаците“ дојдоа во водство во 36-тата минута преку Баренечеа, но успеаја да издржат само до 90-тата минута, кога Хетафе ги постави конечните 1-1 преку Арамбари од пенал.
Столе Димитриевски и овој натпревар го гледаше од клупата за резервни фудбалери, а Валенсија и после 11-тото коло останува на последната позиција со само седум бодови.