И Силесен е товар за празната каса на Валенсија, мора да си замине

Валенсија е во криза и оди во тотална распродажба на играчите што се терет за празниот буџет на клубот. По заминувањето на капитенот Парехо и на Коклан во Вилјареал и претходно на Феран Торес во Манчестер сити, сега се бара чаре за голманот Силесен.

Валенсија го плати 35 милиони евра ланската сезона, кога холандскиот репрезентативец пристигна од Барселона. Силесен бранеше солидно, но со платата што ја има го празни и онака празниот буџет на некогашниот шпански првак, кој е во невидена криза.

Валенсија го продава Силесен, можна е варијанта тој да замине во Ајакс, клуб за кој бранеше пред да дојде во Барселона.

Лилјаците веќе имаат и замена за Холанѓанецот и имаат договор Пепе Реина да брани следната сезона. Тој има 37 години и е релативно евтин, а би дошол во Валенсија како позајмен голман од Милан, чиј член е. Росонерите лани го испратија на позајмица во Астон вила, но сега можно е да се договорат со Валенсија бидејќи и желбата на Реина е да се врати во својата земја и да брани за Лилјаците.

 

- Оглас -

Најнови вести