Валенсија прогласи победа против Коронавирусот

Убави вести соопштија шпанските медиуми, во Валенсија веќе нема заразени од Коронавирусот. Сите 10-мина играчи и членови на стручниот штаб се успешно излечени.

Клубот од „Месталја“ на 16 март соопшти дека околу 35 отсто од луѓето кои присуствуваа на мечот против Аталанта во Милано се заразиле со опасниот вирус, но денес е прогласена победа. Меѓу заразените играчи беа Езекиел Гарај, Хосе Гаја, Елијаким Мангала.

Мечот Аталанта – Валенсија кој се одигра на „Сан Сиро“ во февруари беше прогласен за биолошка бомба, а речиси сите навивачи на тимот од Бергамо кои беа на трибините беа позитивни на вирусот Ковид-19.

- Оглас -

Најнови вести