Валенсија резервираше финале со Барселона во Купот на Кралот

Валенсија со минимални 1-0 славеше против Бетис во возвратниот дуел во полуфиналето од Купот на Кралот, кој се одигра на „Месталја“. Погодокот на Родриго во 56-тата минута беше повеќе од доволен за пласман во финалето, откако по првите 90 минути резултатот гласеше 2-2.

„Лилјаците“ во битката за трофејот ќе се соочат со бранителот Барселона, а за првпат по 11 години успеваат да влезат во завршницата на шпанскиот куп. Последното појавување на Валенсија во финале мина успешно, во 2008 година го освои Купот со победата од 3-1 над Хетафе.

https://www.dailymotion.com/video/x7377hl

- Оглас -

Најнови вести