Валериен е хероина на летото – Освои два медали во „блажена состојба“

Валериен Вукосављевиќ е вистинска хероина ова лето, откако играше бремена и со репрезентацијата на Франција го освои сребрениот медал на Европското првенство што го организираа Франција и Шпанија, а потоа и бронзата на Олимпијадата во Токио.

Валериен е Французинка мажена за српскиот кошаркар Филип Вукосављевиќ, а интересно е што иако е бремена беше меѓу најдобрите стрелци во финалето на ЕП токму против Србија на 27. јуни.

Србија тогаш победи со 63:54, а Валериен беше трет стрелец на финалето со 15 поени за 27 минути игра, но мораше да им честита на ривалките.

„Се консултирав со мојот гинеколог и добив дозвола да играм и на ЕП и на Олимпијадата. Криев од моите колешки во репрезентацијата дека сум бремена, а често чекав да заминат од соблекувалната за да се истуширам. Не сакав да им создавам дополнителен притисок, ниту да се однесуваат поинаку кон мене. Се радувам што освоивме два медали“, изјави Валериен.

И двата клучни меча летово ги играше против репрезентацијата на Србија, која  е родна земја на нејзиниот сопруг Филип. Во поважниот, во финалето на ЕП не успеа да стаса до златото, бидејќи Србија победи и стана нов европски првак. Потоа со Французинките се реваншираше во битката за бронзениот медал во Токио со победа од 91:76.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести