Валверде еден до два месеци аут, во Реал повторно размислуваат за Погба

Повредата на еден од подобрите играчи од средниот ред на Реал Мадрид сезонава, Федерико Валверде, повторно ги активираше шпекулациите околу евентуалните засилување за тимот во летниот преоден рок. Реал ќе мора да го засили и средниот ред, како главнa цел се спомнува Едуардо Камавинга од Рен, но ако тоа не е можно, би се задоволиле и со ангажман на Пол Погба.

Валверде се повреди синоќа во катастрофалното дефанзивно издание на Реал против Валенсија и според лекарите, му претстои пауза од минумум еден месец, но паузата може да биде и до два месеци, зависно од тоа со каква брзина ќе закрепнува. Валверде ќе пропушти многу важни натпревари од Лигата на шампионите и шпанското првенство, меѓу кои веројатно и градското дерби со Атлетико на 12-13 декември.

Реал за засилување на средниот ред со Погба, на Манчестер јунајтед би му платил отштета од 60 милиони евра. Со тоа би се задоволило барањето на тренерот Зинедин Зидан, а и Црвените ѓаволи би го откачиле скапиот фудбалер со кого имаат договор до 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести