Репрезентациите на Аргентина и Уругвај во петок ќе го одиграат својот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство. Аргентина е максимална со 12 бода од четири натпревари на лидерската позиција, додека Уругвај е на делба на второто место со седум бода.
Аргентинците на последните 50 натпревари имаат само еден пораз, а во мечот против Уругвај ќе бидат предводени од Лионел Меси. На спротивната страна, еден од оние коишто ќе бидат задолжени да го сопрат е Федерико Валверде, кој е искрен и вели дека најголем проблем ќе биде да се задржи токму Меси.
„Не знам како се прави тоа. Никогаш не ми успеа. Играв неколку пати Ел Класико против него и секогаш Каземиро имаше задача да го чува Меси. Беше добар, знаеше да го сопре, но и тој не успеваше секогаш да го задржи. Морате да го почитувате Меси бидејќи е еден од најдобрите играчи на светот“, вели Валверде.