Ван Бастен: Вернер е минимум 18 пати полош од мене, тој не е елитен напаѓач

Холандската фудбалска легенда Марко ван Бастен жестоко го искритикува Германецот Тимо Вернер. Вернер е цел на критичарите поради неговите големи утки во дресот на Челзи.

За време на телевизиска емисија се анализираше мечот Исланд – Германија, а коментаторот на холандската телевизија кажа дека своевремено Ван Бастен бил 18 пати подобар од Вернер. На муабетот се надоврза Руд Гулит, кој рече: „Потврдувам“. Капак беше коментарот на самиот Ван Бастен.

„Минимум 18 пати, мислам дека си скромен. Тешко е да се гледа Вернер, тој нема самодоверба. Гледам дека тој секогаш е на вистинското место, но наместо од прва мирно да ја шутне топката во гол, тој греши. Не е доволно добар за врвен фудбал“, рече Ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести