Ван Дајк објасни зошто Сисоко го остави да шутира и со тоа го спаси Ливерпул (Видео)

Вирџил ван Дајк уште еднаш докажа зошто е еден од најдобрите дефанзивци во светот. На дербито Ливерпул – Тотенхем, стоперот на домаќините со еден генијален потег едноставно го спречи Ливерпул да загуби. При резултат 1-1, во 86-тата минута гостите од Лондон направија контранапад.

Сисоко беше со топката, а од десната страна го имаше Сон. Ван Дајк беше единствен во одбраната на Ливерпул и мораше да одлучи дали ќе оди кон Сисоко, кој беше со топката или ќе го покрие Сон да не добие асистенција.

Ван Дајк се реши да нема додавање кон Сон, туку Сисоко сам да завршува. И не згреши. Шутот на Сисоко со левата нога беше високо над голот. Дефанзивецот на Ливерпул подоцна објасни зошто решил така да одигра.

„Видов како Сисоко оди кон голот и знаев дека е деснак. Сон обично со гол ги завршува овие ситуации и затоа решив дека е поважно топката да не стигне до него. Го пуштив Сисоко да оди кон голот бидејќи знаев дека му се помали шансите да даде гол со лева нога“, објасни Ван Дајк.

 

- Оглас -

Најнови вести