Ван Дајк само уште една недела ќе биде најскап дефанзивец на светот

Ако треба да им се верува на англиските медиуми, Манчестер сити е подготвен на Лестер да му плати дури 80 милиони фунти обештетување за Хари Мегваер. За централниот дефанзивец на англиската репрезентација и на „лисиците“ од Лестер, се интересира и Манчестер јунајтед, но понудата од Сити е многу побогата.

Доколку се реализира овој трансфер, Мегваер ќе го има најскапиот премин на еден одбранбен играч, и ќе го симне од тронот Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

Мегваер има 26 години, во Лестер дојде преклани од Хал сити, за нешто помалку од 14 милиони фунти. Во тимот на тренерот Пеп Гвардиола, Хари би земал неделна плата од 280.000 фунти, што е над еден милион месечно. Се шпекулира дека тој на свои блиски пријатели веќе им рекол дека понудата е толку добра што невозможно е да се одбие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести