Ван Де Бек има доказ дека навивал за Реал Мадрид (Фото)

Фудбалерот од средниот ред на Ајакс и холандската репрезентација, Дони Ван Де Бек, е пред трансфер во Реал Мадрид, а на социјалните мрежи се појави фотографија која покажува дека Дони уште како малолетен, имал одредени симпатии кон мадридскиот гигант.

Ван Де Бек пред пет години има објавено своја фотографија на стадионот „Луж“ во Лисабон, за време на финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Тогаш Реал со гол на Серхио Рамос во 93-та минута се избори за продолженија, а потоа даде три гола и славеше со 4-1, и дојде до јубилејната 10-та европска титула.

Дони покрај сликата напишал дека финалето било одлично, а покрај зборовите Реал шампион, има ставено срциња.

- Оглас -

Најнови вести