Рубен Аморим од денеска официјално е новиот тренер на Манчестер јунајтед, а привремениот тренер, Руд ван Нистелрој, донесе конечна одлука за свое повлекување.
Се појавија сомнежи за неговото заминување кога ги поздравуваше навивачите на крајот од натпреварот против Лестер, а сега веста е потврдена од англиските медиуми.
Аморим разговараше со Ван Нистелрој и донесе одлука Холанѓанецот да не биде дел од неговиот стручен тим. Иако имаше шпекулации дека Ван Нистелрој можеби ќе остане, на крајот одлучено е поинаку.
Со ова, Рубен Аморим официјално ја презеде улогата на шеф на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ ја објави веста на својот официјален сајт.