Ванда Нара се врати во Париз и најверојатно повторно ќе му се врати на Мауро Икарди. Ова е епилогот на неколкудневната љубовна сапуница меѓу најпопуларниот пар во фудбалот.
Драмата започна во саботата, кога Ванда од „Инстаграм“ ги избриша сите фотографии на кои беше заедно со Мауро, а преку порака порача „Уште едно семејство кое го уништи поради една ку*ва“. Сите се чудеа за кого е оваа порака наменета, а потоа се појави името на Марија Евгенија Суарес.
Тоа е аргентинска глумица и водителка, која му праќала пораки на Икарди и беше посочена како жената со која фудбалерот на ПСЖ има љубовна афера. Марија Суарес има 29 години и три деца и неодамна излегла од долга врска. Девојката демантираше дека имала врска со Икарди, но Ванда не ѝ верува.
Ванда дури го тргна и венчалниот прстен од својата рака и порача дека така раката и е поубава. Сепак, Мауро не се предаде лесно. Тој ги избриша сите пријатели од „Инстаграм“, а ја остави само Ванда со порака дека треба да му се врати.
На крајот, Ванда попушти. Аргентинката која е и менаџер на фудбалерот, по подолго време стави фотографии со својот маж и испрати порака „Јас се грижам за своето семејство, а животот ќе се погрижи за кучката. На ист начин“, напиша Ванда врз колажот од осум фотографии на кои е со Мауро Икарди.